Актерот Силвестер Сталоне, кој последниве месеци беше во центарот на медиумското внимание поради обвинувањата дека се разведува од сопругата Џенифер Флавин, но и поради пластичните операции, го посети Ватикан и се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква.
Актерот во придружба на сопругата, трите ќерки Софија, Систин и Скарлет, како и неговиот брат Франк, имаше можност да се сретне со папата Франциско во Апостолската палата. По краткото претставување на членовите на семејството, Силвестер му се заблагодари на папата што одвоил време да се сретне со нив, по што дознал дека ги гледал неговите филмови.
„Ги гледав вашите филмови“, рече папата Фрањо, по што актерот се насмеа, ги крена рацете како да оди на бокс и рече „подготвени, сега ќе боксуваме“, по што папата го стори истото.
Подоцна, актерот се огласи на Инстаграм и кажа колку му е чест што го запознал понтифот, но и дека имал можност „во рака да ги држи клучевите што ги отвораат сите врати во Ватикан, дури и оние од Систинската капела“.