На улица Македонија се загрева атмосферата пред вечерашниот спектакл. Еден од десетте најдобри ди- џеји, DJ DASH BERLIN ке ги забавува центарци, скопјани и сите кои уживаат во овој вид на музика.
Центарот ќе биде обоен во црвено бела боја, боите на општината. Кафулињата на улица Македонија подготвени очекуваат добра забава и многу гости.
Интересот е огромен, со авион и возила веќе пристигнуваат гости од соседните земји и од Охрид, Битола, Штип, Кочани. Центарци, велат, задоволни од идејата на општина Центар да организира ваков спектакл. „Центар и Скопје заслужуваат вакви светски настани“.
Настанот почнува во 19 часот со познати ди – џеји. Во 22: 30 огнометот ќе го најави DJ DASH BERLIN. DASH BERLIN а е еден од првите 10 најголеми ди-џеји во светот според реномираното списание ДЈ МАГ (www.djmag.com).
Има 3 милиони фанови на својот фб профил и е едно од најактуелните имиња на светската електронска сцена. На улица Македонија веќе е поставена огромна бина со озвучување и осветлување за 15 000 лица. Забавата ќе биде збогатена и со видео проекции и сценски ефекти.