По вчерашното одложување, Спејс Екс денеска ја лансираше ракетата која што носи потребни ствари на Меѓународната Вселенска Станица.
Ракетата Фалкон 9 полета од историската платформа во Флорида од која што полетуваат и ракитети кои носеа луѓе на месечината.
Ова е прво успешно лансирање ракета на Спејс Екс од Флорида, по екплозијата минатото лето.
Спејс Екс ја има изнајмено платформата од НАСА на 20 години и се надева дека ќе бидат водечката компанија која што ќе се занимава со вселенски истражувања во иднина.
Оваа ракета откако ќе ја заврши својата мисија се очекува да се врати и слета во Флорида, што е уште едно тестирање на идејата на Спејс Екс за користење на ракети повеќе пати, со што би се овозможило патување и креирање колонии на други небески тела и планети.