Компанијата „Мајкрософт“ ја претстави својата нова апликација за паметни телефони, која користи компјутерска визија за опишување на околината и е наменета пред се за лица со оштетен вид.
Апликацијата „Сиинг Еј-Ај“ функционира така што корисникот ја насочува камерата од телефонот кон друго лице и дознава како тој или таа се чувствува или пак, на сличен принцип, преку сензори и со помош на вештачка интелигенција, може да ги добие податоците за одреден производ.
Компанијата својот прототип го претстави лани, па сега програмата е пуштена во промет.
„Сиинг Еј-Ај“ препознава луѓе кои претходно ги „регистрирала“, но и ни го покажува расположението, како и приближната возраст на оние кои првпат „ги гледа“. Може да препознава и куќни апарати, доларите или пак, да скенира документи.