ВИДЕО: Што би било кога „хетерофобијата“ би владеела со светот

Од:

Можете ли да замислите реалност, во која хетеросексуалците се маргинализирани во општеството, а хомосексуалноста отворено се поддржува? Краткиот филм „Love Is All You Need?“ ( „Љубовта е се што ти е потребно?“), кој е снимен минатата година, прикажува таков имагинарен свет каде доминираат хомосексуалните семејства, додека хетеросексуалноста се смета за „болест“.

Главен јунак е стрејт девојче, кое живее во опкружување каде сите останати се геј. Кога во училиштето ќе се обиде да фати за рака едно момче, неговиот брат и другите деца ја тепаат.

Авторите на филмот наведуваат дека основната порака е дека љубовта може да го промени светот и да ја прекине дискриминацијата заради која страдаат голем број недолжни луѓе, пренесува Блиц.

„Овој филм е посветен на секое дете кое влегло во темнина заради туѓата омраза и неразбирање. Никогаш не би требало да се чувствувате лошо или осамено заради тоа што сте… единствени“, гласи пораката на крајот на филмот.

Остварувањето обработува и други важни теми, како што се врсничкото малтретирање и самоубиство, а вреди да се види и поради искрената глума и силните емоции со кои сцените изобилуваат.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ