ВИДЕО: Шангајскиот подземен хотел официјално пуштен во употреба

Од:

Хотелот во Кина изграден во јама од напуштен рудник Интерконтинентал Шангај Вондерленд, е и официјално пуштен во употреба.

Туристичката атракција се наоѓа на планинскиот венец Шеншан близу Шангај и има 18 катови, од кои 16 се под земја. Два од нив, пак, се наоѓаат и под вода. Има капацитет за 300 гости, а собите се класифицирани како класични, деловни и апартмани.

Објектот почна да се гради во 2006 година, но неговото завршување беше одложено повеќепати, најчесто поради техничките, безбедносни и урбанистички прашања, како што се строгите прописи во врска со заштитата од земјотреси и одржување на нивото на водата.

Цената за ноќевање во хотелот ќе се движи од 530 до 860 долари.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала