Раскинувањето на Шакира и Пике и го уништи љубовниот живот на пејачката, но затоа и цветаат рози во нејзината музичка кариера.
Песната „Te Felicito“, која Шакира неодамна ја објави во дует со порториканскиот пејач Рауво Алехандро, со преку 100 милиони прегледи на YouTube, моментално е трета најпопуларна песна во светот.
Сепак, тоа не ги задоволи апетитите на пејачката, па во етерот има уште една соработка, првата официјална песна што ја објави по раскинувањето.
И исто како и во случајот со претходниот хит, „детективите“ на социјалните мрежи пронајдоа одредени делови од песната во текстот, кои се создадени за случајот Пике и наводната прељуба.
„Го работам само она што го сакам, бев долу, а сега сум горе. Станувам мудра, се ќе биде добро“, е дел од новата песна.