(ВИДЕО) Серпико: Пачино ме одигра подобро од јас себеси ВИДЕО

Од:

Поранешниот Њујоршки детектив Френк Серпико изјави дека Ал Пачино го одиграл подобро отколку тој самиот себе. Детективот кој открива корупција во полицијата го играше пАЧИНО во филмот “Серпико” во 1973 година.

Весникот “Daily News” го интервјуираше вистинскиот Серпико, сега 76-годишник, во Гент, во државата Њујорк, само неколку недели по смртта на неговиот поранешен колега, Дејвид Друк.

Серпико, како што пренесува АП, се насмеал кога му било кажано дека е 41-ви на листата на филмски херои на американскиот филмски институт, веднаш по Леси.

“Во добро друштво сум”, рекол.

Весникот наведува и дека Серпико во моментов завршува книга и ужива во прошетки во околината.
Напорите на Серпико и Друк резултираа со голем број на насловни страни и реформа во полицијата со цел да се спречи корупцијата во редовите на “сините”.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ