ВИДЕО: Се венчаа две девојки сред Белград

Од:

Организаторите на Парадата на гордоста во Белград направија своевиден перформанс на најраздвижената улицата во престолнината, „Кнез Михајлова“ – перформанс во кој се венчаа две жени.

Во манирот „флеш моб“ акции популарни насекаде во светот, перформансот го привлече вниманието на случајните минувачи.

Се почна кога на платото пред Српската академија на науките и уметностите одеднаш се појавија два пара младоженци, кои играа и ги поздравуваа минувачите.

Сепак, неколку минути подоцна, стана јасно дека оваа венчавка ќе биде поинаква од другите. Девојките во венчаници во еден момент се фатија за раце и почнаа да играат, а младоженците исчезнаа.

Тука беше и „матичарот“ со лента во боите на знамето на Србија, пред кој невестите ги кажаа своите завети и разменија бурми.

Целиот настан  е снимен со камери, а видео клипот е поставен на „Јутјуб“. Организаторите на „Парадата на гордоста“ снимката ја поставија на својот профил на Фејсбук со натписот „Љубовта меѓу Вера и Нада е крунисана со венчавка во центарот на Белград“.

На крајот на клипот пораката е кратка: „6 октомври-само 970 чекори со нас“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски