ВИДЕО: Се хранел само со здрава храна, а потоа следувал шок

Од:

Австралискиот режисер и сценарист Дејмон Гејмо во својот документарец „The Sugar Film“ дошол до неверојатно откритие.

Имено, за потребите на снимањето на документарниот филм, Гејмо започнал 60-дневна диета, при што конзумирал само (наводно) здрава храна со ниско ниво на масти, но со големо присуство на шеќер.

Наскоро следел шок. За само неколку недели, Гејмо почнал да се чуствува депресивно и бил многу лошо расположен. Таквото чувство продолжило во текот на целиот експеримент.

Гејмо два месеци континуирано конзумирал овошни сокови, житарки и спортски напитоци, по што неговата здравствена состојба се влошила уште повеќе. Наскоро тој добил и болест на црниот дроб, позната како „масен дроб“, која инаку е предизвикана од голема дебелина или алколизам, а добил и дијабетес.

Освен што добил десет саниметри масни наслаги околу половината, лекарот неговото ментално здравје го опишал како „нестабилно“.

За време на диетата, во текот на денот тој внесувал околу 40 лажици шеќер, иако дневната препорака за внесување на шеќери во организмот за мажи се само девет лажици, додека за жените шест.

– Не мислам дека сите би тебало да престанат да јадат шеќер, но сепак треба да се обрне внимание дека во сите производи на преработена храна, поточно во 80 проценти, факт е дека има шеќер, изјави актерот.

„The Sugar Film“ премиерата ќе ја доживее во јануари.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска