Јужнокорејската компанија „Самсунг“ го пушти во продажба првиот смартфон со заоблен екран, под името Галакси Раунд. Галакси Раунд доаѓа со фул ХД екран од 5,7 инчи што прикажува 1080 пиксели и работи на Андроид 4.3. верзија, камера со 13 мегапиксели, процесор од 2,3 гигахерци и 3 ГБ меморија.
Самсунг Раунд доаѓа со нова опција „ролл“ ефект, специјално наменета за користење на заоблениот екран.
Новиот смартфон Самсунг Галакси Раунд првично ќе се продава во Јужна Кореја.