Неверојатни сцени беа видени на „Доџер стадионот“ во Лос Анџелес на бејзбол мечот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Аризона Вајлд Кетс. Еден од фановите мислел дека е романтично да ја запроси девојка на натпреварот, но згреши.
Младиот човек истрча на теренот, се провлече покрај обезбедувањето и клекна за да и го покаже свршеничкиот прстен на девојката која гледаше од трибините. Само што погледна кон неа и сакаше да ја види нејзината реакција, следеше шок. Обезбедувањето притрча до него и го нокаутира.
Proposal gone wrong at Dodger Stadium 💀 pic.twitter.com/qankLwE5sW
— maze (@Mazeaveli) March 31, 2023
Очигледно никој не обрнуваше внимание на тоа што точно прави несреќниот навивач, па обезбедувачот скокна врз младиот човек и се справи со него во НФЛ стил.
Маката не заврши тука, бидејќи потоа дотрчаа уште двајца припадници од обезбедувањето, го врзаа и го одведоа од стадионот. Сепак, се имаше среќен крај бидејќи девојката која на крајот беше запросена преку социјалните мрежи пријави дека кажала „да“.