(ВИДЕО) Рос: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Од:

Глумецот Дејвид Швимер, попознат како Рос од „Пријатели“, за американската емисија „Тунајт шоу“ откри дека продолжението на светски познатата серија би можело да се снима во карантин.

– Тоа може да се случи во август, во средината на август. Но, искрено, ќе мора да почекаме уште недела – две за да видиме дали е доволно безбедно за да го сториме тоа. Ако нема услови, ќе почекаме додека не се создадат, истакнува Швимер.

Тој натаму додава дека новото специјално продолжение би требало да се снима во оригиналното студио Бурбанк во Калифорнија и ќе ги има истата сценографија направена по теркот на оригиналните карактеристични места од серијата.

Наводите, инаку, говорат оти секој „пријател“ – Рос, Рејчел, Моника, Фиби, Чендлер и Џои – ќе заработат меѓу 2,25 и 2,5 милиони долари.

Серијата „Пријатели“ е снимена во вкупно десет сезони, и траеше од 1994 до 2004 година. Во неа, покрај Швимер, глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Метју Пери и Мет Лебланк.

Би можело да ве интересира

Омилениот Џои од „Пријатели“ снимен во јавност после долго време, актерот тешко се препознава

Предраг Петровиќ

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја „посетува“ дури и по смртта: Чувствувам дека е тука

Предраг Петровиќ

Џенифер Анистон откри што можело да ја уништи серијата „Пријатели“

Предраг Петровиќ

Почина Гантер од серијата „Пријатели“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гантер од „Пријатели“ има рак во напредна фаза

Ана Ололовска

Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Ана Ололовска