ВИДЕО: РобоКуп – фудбалско првенство за роботи

Од:

Холандија изминатата недела беше домаќин на интересно фудбалско првенство „РобоКуп 2013“, на кое учествуваа 2.500 „роботски“ екипи од 40 земји.

Роботите се натпреваруваа во неколкукатегории како што се мали, големи и хуманоидни роботи. Конечна цел на организаторите е во иднина роботите да победат во натпревар против човечки противници, а според програмерите цел за тоа е 2050 година.

Доколку се земе во предвид развојот на знаењето и технологијата голем број експерти предвидуваат дека вештачката интелегенција многу брзо би можела да ја надмине човековата интелегенција, а со тоа и роботите да победат во фудбалски натпревар со луѓе.

robocup20132

– Сепак, моменталната интелегенција на роботите е на ниво што без проблеми би можеле да ги победат тригодишници, изјави за „Гардијан“ Марсел Мишури, кој ја води екипата НимбРО.

Роботите меѓусебно комуницираат преку Ви-Фи, а програмерите не може да влијаат на играта откако ќе почне натпреварот, освен за замени, доколку некој од роботите се расипе или треба да биде исклучен поради прекршок.

robocup201323

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска