Еден ресторан во Кина е единствен по нешто несекојдневно.
Во ресторанот, кој се наоѓа во градот Hарбин, работат само роботи, и тоа 18 на број.
Како што пренесува „Daily Mail“, робот-келнер ве води до вашиот стол, ја зема нарачката, потоа му ја носи на роботот-готвач, кој ја подготвува храната.
Но ова не е крај. Освен што работат како келнери и готвачи, овие интересни роботи вработени се и како пејачи.
Секој робот може да работи по 5 часа, пред да биде пратен на пауза, секако онаа за полнење.
Цената на нарачките е околу 8 долари, а бизнисот цвета. Овој ресторан е на четврто место по популарност во цела Кина.