(ВИДЕО) Првпат снимено: Орки се здружија во напад на голема ајкула

Од:

Несекојдневна случка е снимена со дрон на брегот на Јужна Африка, и тоа е првото видео досега кое ја прикажува оваа ситуација од природата. Група китови убијци нападнаа и проголтаа голема бела ајкула, што досега не е видено. Ова се случи во Западен Кејп, во заливот Мосел.

На видеото направено од дрон се снимени орките, односно китовите убијци како се приближуваат до големата бела ајкула од двете страни, и ја зграпчуваат. Три орки полека се приближуваат до ајкулата од 3 метри и потоа ја напаѓаат. Големмата бела ајкула потоа се врти на страна додека трета орка доаѓа и плива под неа и уште еднаш ја зграпчува.

Потоа се гледа како еден од китовите ја носи ајкулата под вода во вилиците за да ја изеде цела. Зборувајќи за Дејли Бист, научничката Алисон Таунер пред да се појави снимката рече: „Навистина мислам дека кога таа снимка ќе се емитува, ќе стане вирална. Тоа е веројатно една од најубавите снимки некогаш снимени“.

Намалувањето на бројот на ајкули, забележани на овој брег се припишува на китовите убијци бидејќи многу од овие животни избираат да се држат настрана од областа каде што се наоѓаат орките, а по оваа снимка е јасно зошто. Таунер верува дека оваа снимка сега е доказ дека китовите убијци убиваат ајкули во областа.

„Ова е прва снимка со беспилотно летало во светот на која китовите убијци убиваат голема бела ајкула. ​​Ова е првпат да биде тоа документирано како директен доказ, во Јужна Африка“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Орка уби голема бела ајкула, нападот е снимен

Катерина Ѓуровски

Жена е тешко повредена во напад на ајкула во Сиднеј

(ВИДЕО) Морски лав распарки ајкула: Неверојатна снимка од судир на предаторите, посетителите на плажата згрозени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Црна Гора забележана е ајкула: кружеше околу брод

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница