ВИДЕО: Прво складиште во светот каде што работат само роботи

Од:

„Мујин“, стартап покренат на Универзитетот во Токио, има развиено роботи кои можат да ги надгледуваат и целосно да ги автоматизираат складиштата.

Меѓу првите ги купи компанијата за е-трговија JD.com (Jingdong), која благодарение на нив го создаде првото целосно автоматизирано складиште во Кина. Компанијата веќе долго време ги користела роботите во складиштето, но сега тие веќе нема да бидат контролирани од луѓето, туку од роботите на „Мујин“.

JD.com почна да работи на комплетна автоматизација на складиштата во Шангај во средината на годината. На 40 илјади квадратни метри, магацинот е опремен со 20 индустриски роботи кои можат да ги подигнат, пренесат и пакуваат пакетите. Роботите, исто така, ја превезуваат спакуваната стока на бродови или товарни камиони. Во работата им помагаат камерите и роботите надзорници на „Мујин“.

Наместо вообичаените 400-500 работници потребни за работа во складиштето со наведена големина, работа ја извршуваат околу 20 роботи.

Сепак, складиштето има потреба од луѓе и тоа само од петмина, но не за пренос на стока или контрола на роботи, туку за сервисирање машини.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска