ВИДЕО: Први фотографии на Плутон во боја

Од:

Американската агенција за истражување на вселената ги објави првите фотографии на Плутон и неговиот најголем сателит. Квалитетот на фотографиите, за жал, не е на задоволително ниво, но НАСА ветува дека најдоброто допрва следува.

НАСА собра голем број фотографии во текот на мисијата „Њу хорајзонс“ додека се приближувала кон ледената џуџеста планета, се наведува на блогот на мисијата.

Серијата фотографии направена е во текот на пет дена во три бои: сина, црвена и приближно инфрацрвена. Потоа тие се споени за да се направат две снимки кои се повторуваат, на кои се гледаат Плутон и неговиот најголем стаелит Харон.

Плутен е џуџеста планета, шест пати помала од Земјата, што е и причина заради која е исклучена од списокот на „вистински“ планети на Сончевиот систем во 2006 година кога е ревидирана дефиницијата за  „планета“.

Сепак, таа орбитира околу Сонцето и една е од најголемите небесни тела во Којперовиот појас – област во форма на диск позади планетата Нептун која содржи голем број мали тела кои главно се составени од мраз.

Плутон има пет познати сателити. Најголемата Плутонова месечина Харон повремено го викаат и Плутонова „планета близначка“ тие имаат синхрона ротација, секогаш со исти страни свртени една кон друга околу заедничкиот центар на гравитацијата и заедно кружат околу Сонцето, а им се потребни околу 247 години да го заобиколат.

– Многу е возбудливо да се видат Плутон и Харон во движење и во боја, изјави лидерот на експедицијата Алан Стерн.

– Дури и во ваква лоша резолуција може да се види дека Плутон и Харон се со различни бои. Плутон со беж-портокалова, додека Харон сив. Зошто тие се толку различни е повод за дискусија, ги пренесува блогот зборовите на Стерн.

Резолуцијата ќе биде се подобра, ветуваат специјалистите на НАСА, како што вселенското летало „Њу хорајзонс“ се повеќе ќе се доближува до Плутон. Тие би требало да дојдат на оддалеченост од 12.500 километри од површината на 14 јули оваа година.

„Њу хорајзонс“ е прва мисија кон Плутон во историјата. Водена е од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ