ВИДЕО: Првата вратоврска од пајакова свила

Од:

Компанијата „Болд тредс“ го претстави својот прв производ од пајакова свила, а станува збор за ограничена серија на вратоврски.

Од компанијата тврдат дека ова е првиот производ направен од пајакова свила, а неговата цена е 314 долари.

„Болд тредс“ до сега собрала околу 90 милиони долари за реализација на својот производ, што претставува кулминација на седумгодишно истражување на тим од десетици научници, инженери, техничари и дизајнери.

Карактеристиките на свилата што ја произведува пајакот, се два до три пати појаки од кевларот, материјалот што се користи за производство на панцири.

Ден Видмајер, Дејвис Бреслејер и Итан Мирски ја основале компанијата во 2009 година, кога сфатиле дека е можно добивање на пајаковата свила што нужно не ги вклучува пајаците.

Компаниајта комбинира генетски модифициран квасец, вода и шеќер и преку ферментација ги претвора во сирова свила.

Добиниот производ има текстура на меласа, а машина го претвора во влакна што се вткаени во платното.

„Болд тредс“ креираше само 50 вратоврски што ќе можат да се купат преку лотарија на страницата на компанијата од 11 до 14 март.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска