Иако се работи за краткометражен филм што трае само 11 минути, остварувањето предизвика голем интерес во јавноста веднаш штом се дозна за него.
Се работи за уште едно филмско дело на легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд под наслов „Once and Forever“, во кое е прикажан животот на славната Коко Шанел.
Интересен е и изборот на главната актерка – Кристен Стјуарт, која судејќи според филмските критики направила „одлична работа“.
Кристен ја игра Коко Шанел, но и сама себе, затоа што филмот вклучува и сцени зад сцената.
Интересен е податокот дека филмот е снимен за само два дена во студиото на познатиот режисер Лук Бесон, а Карл тврди дека овој негов приказ на славата Коко е подобар од кој било биографски филм.