ВИДЕО: Прикажан можниот изглед на новиот „Ајфон 8“

Од:

Вљубениците во технологијата објавија ново видео во кое е прикажано како би можел да изгледа моделот „Ајфон 8“, на кој една од промените е дека нема копче „дома”.

Во клипот се прикажува со кои движења може да се управува со телефонот, а можно е место физички, копчињата да бидат дигитални на дисплејот. Иако „Ајфон 7“ беше распродаден во првата недела од продажбата, многумина го доживеаја како освежена верзија на „Ајфон 6“, а не како посебен модел, што го стави „Епл“ под дополнителен притисок кога станува збор за новата генерација на мобилни телефони.

Ако шпекулациите се точни, „Епл“ се фокусираше само на изработката на новиот уред. Сите очекуваат копчето „дома” да биде укинато, но се надеваат и на големи промени во дизајнот.

За „Ајфон 8“ се тврди дека ќе биде најдобар паметен телефон на „Епл“, но корисниците ќе мораат да почекаат малку подолго до неговата реализација и до продажбата.

Поради сите подобрувања кои вклучуваат заоблен дисплеј од 5,8 инчи, 3-Д предна камера, безжично полнење, ИД отпечаток од прст и препознавање на лица, ова ќе биде најскап паметен телефон на „Епл“. Цената може да биде и до 1.000 долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска