ВИДЕО: Претставени Самсунг Галакси С6 и С6 Едџ

Од:

Јужнокорејската компанија Самсунг во Барселона ги претстави новите Галакси С6 и С6 Едџ, што на пазарот ќе се најдат на 10 април годинава.

Самсунг на „Ворлд мобајл конгрес“ во Барселона го претстави новиот смартфон Галакси С6 со метално куќиште и Горила глас на предната и задната страна на уредот.

Новиот Галакси С6 е еден од најтенките уреди на пазарот со дебелина од само 6,8 милиметри и поседува заоблени рабови. За разлика од претходникот, новиот уред нема отвор за микроСД картичка и можност за замена на батеријата.

Самсунг Галакси С6 2

Галакси С6 работи на 64-битен Ексинокс процесор, а поседува и три гигабајти РАМ меморија. Внатрешната меморија ќе зависи од цената и ќе изнесува 32, 64 или 128 гигабајти. Екранот е КуХД од 5,1 инч и Супер АМОЛЕД технологија, а во однос на Галакси С5 има и до 77 проценти повеќе пиксели по инч.

Самсунг со најновиот Галакси уред претстави и безжично полнење, како и нова технологија за брзо полнење на уредот, што за десет минути може да го наполни телефонот за четири часа нормално користење.

Камерата на задниот дел е 16 мегапикселна со ХДР технологија. Галакси С6 има и паметен читач на прсти на предната страна за отворање на почетниот екран.

Самсунг го претстави и Галакси С6 Едџ, што во однос на Галакси С6 нема подобри перформанси, освен екран што е заоблен на рабовите. Двата уреди на пазарот ќе бидат достапни по 10 април, а цените се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска