Преносливата греалка „Егло“ е совршено решение за луѓето на кои речиси секогаш им е студено.
Италијанскиот дизајнер Марко Загариа креирал многу евтина, еколошка и нерверојатно ефектна греалка за лична употреба.
Греалката „Егло“ користи само три свеќи за да произведе топлина за простор до 19 метри квадратни и да го затопли за само неколку минути.
Оваа паметна направа може да обезбеди топлина пет часа, од едно полнење, но продолжува да емитува акомулаторна топлина и откако свеќите ќе изгорат.
Едноставно се поставуват свеќите во внатрешноста на базата а потоа се поклопуваат со метална мрежа и две куполи, при што акумулираната топлина од внатрешноста полека и рамномерно се ослободува низ врвот на внатрешните куполи, со што почнувате да ја чувствувате веднаш по активирањето на греалката.