Американската пејачка Тејлор Свифт моментално е на турнејата Ерас и пред неколку дена настапи во Хјустон, а на тој концерт доживеа мала несреќа, која не остана незабележана од нејзините најверни фанови.
Всушност, Свифт во добар дел од концертот пееше со огромна отворена рана на левата дланка. Фановите веднаш го видоа тоа и на социјалните мрежи се шират неколку видеа на кои јасно се гледа голема крвава рана на нејзината рака, а обожавателите дури и направија компилација од видеа на кои се гледа како Свифт се обидува да ја закрпи раната на паузите со разни завои и фластери но безуспешно.
На крајот се огласи и самата пејачка која објасни како дошло до несреќата.
a timeline of bandage-gate, let’s she deserves so much praise for this she literally did the entire rep set with an open wound I love her too much
cr: @/x.taylorswift.x13 on tiktok pic.twitter.com/xU157jol6K
— L🫧 (Taylor’s version) (@TSgoldenrush) April 24, 2023
„За оние кои прашуваат како добив расекотина на раката, јас сум добро и сето тоа беше моја вина. Се сопнав од крајот на фустанот и паднав во темнината зад сцената додека трчав да се пресоблечам. Сето тоа е поврзано со ретроградниот Меркур. Не грижете се за мене, добро сум“, напиша Свифт.
Бројни корисници на социјалните мрежи ја пофалија за нејзината професионалност. „Тејлор е вистински професионалец“, „Раната што ја доби изгледа доста болно, но сепак направи одличен концерт“, „Убаво од неа објасни што се случи“, се само дел од коментарите.