Американската пејачка Бритни Спирс на 26 август го објавува својот деветти студиски албум, има многу поп хитови зад себе, има продадено преку 100 милиони албуми и синглови, но никој не ја видел досега да запее во живо.
На Јутјуб не може да се најде нејзина снимка како пее во емисија или од процесот на снимање на песните во студио.
Бритни е најавена како гостинка во познатата емисија на водителот Џејмс Карден. Задолжителен дел во неговата емисија е возењето со автомобил низ градот со позната личност, која заедно со него додека се возат пеат познати хитови.
Во најавата за емисијата може да се забележи дека Бритни во овај случај само ја отвора устата и всушност воопшто не и се слуша гласот.
-Која е поентата да се донесе Бритни на караоке кога ќе ја отвора само устата? Дали таа само ја отвора устата? Ништо ново кога е Бритни во прашање, се дел од коментарите на социјалните мрежи.