Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер, се обидел да ја уништи свадбата на поп-ѕвездата со Сем Асгари, која се одржа во четвртокот, во нејзината куќа во Лос Анџелес, поради што морала да интервенира и полицијата.
Britney Spears' ex-husband Jason Alexander breaks into her home and crashes her wedding on Instagram Live:
“Where’s Britney? I'm here to crash the wedding.” pic.twitter.com/rgTjE0mmVe
— Pop Crave (@PopCrave) June 9, 2022
Александар бил задржан од обезбедувањето пред да се појави полицијата.
Поранешниот сопруг на Бритни го снимал својот упад во живо на Инстаграм, а тој успеал да влезе во шаторот за венчавки кој бил поставен специјално за оваа прилика.
На видеото тој разговара со членовите на обезбедувањето, кажувајќи им дека Спирс го поканила на свадбата. Откако дал отпор, се заканил дека ќе и го уништи големиот ден. Пред да се прекине снимањето настанала физичка пресметка.
„Џејсон Александар е уапсен. Искажувам благодарност до шерифот на округот Вентура за брзата реакција и добрата работа“, изјави адвокатот на пејачката, Метју Розенгарт.
Според американските медиуми, пејачката била особено потресена од инцидентот, но не сакала да дозволи тоа да остави дополнителни последици.
Иако Александер изрази јавна поддршка за пејачката за време на нејзината контроверзна битка за прекин на старателството, а исто така беше активен и на неколку собири #FreeBritney, тој претходно ги прогонуваше членовите на нејзиното семејство.
На интимната церемонија присуствуваа 60 гости, меѓу кои имаше познати личности, како и дел од семејството Бритни Спирс. Освен што разбирливо не беа поканети нејзините родители, но и нејзината сестра Лин Спирс, прославата ја пропуштија и синовите на пејачката.
Веста дека Шон Престон и Џејден Џејмс нема да бидат на венчавката ја потврди пред венчавката и адвокатот Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс.
“Момците нема да присуствуваат на венчавката. Тие мислат дека фокусот треба да биде на Бритни и Сем и се многу среќни поради неа”, изјави адвокатот Марк Винсент Каплан.
Пред да излезе на површина скандалот со упадот на нејзиниот прв поранешен сопруг, медиумите пишуваа дека пејачката се упатила до олтарот под звуците на легендарниот хит на Елвис Присли „Can’t Help Falling in Love“, во фустан дизајниран за неа од Донатела Версаче.