Нетфликс последниве години стана главен центар за стенд-ап комедии, а тоа е постигнато со солидни хонорари за комичарите. Следува Топ 5 листата на најплатени стенд-ап изведувачи.
5. Ејми Шумер – 13 милиони долари
Нетфликс првично и понуди 11 милиони за нејзиниот едночасовен „Ледер Спешл” настап, но Шумер успеала да издејствува повисока сума, пишува „Бизнис инсајдер“.
4. Рики Џервејс – 40 милиони долари
Овој комичар наводно, себеси си ја обезбедил „највисока исплатена сума во историјата за еден британски стенд-ап комичар”.
3. Крис Рок – 40 милиони долари
Рок во 2016 година потпиша за два специјални стенд-ап настапа, со вкупен износ од 40 милиони долари. Првиот од нив, „Таmborine”, премиерно беше прикажан минатиот месец.
2. Дејв Шапел – 60 милиони долари
Нетфликс наводно му платил на Шапел 60 милиони долари за три шоуа. Првите две беа прикажани лани во март, а третиот и четвртиот настап – изненадувањето за публиката, Шапел ги објави на 31 декември. Настапите се насловени „Equanimity” И „The Bird Revelation”. Хонорарот за четвртиот настап не се соопштува.
1. Џери Сејнфилд — 100 милиона долари
Еден од најпопуларните светски комичари во јануари 2017 година потпиша договор вреден 100 милиони долари. Во тоа спаѓаат серијалот „Comedians In Cars Getting Coffee”, како и два „стенд-ап специјала“. Првиот – „Jerry Before Seinfild” беше прикажан премиерно во септември минатата година.