„Гугл“ експериментира со паметни патики кои можат да разговараат со своите корисници и да оставаат порака на мрежата.
Постои можност во иднина производи на „Гугл“ да можат да се носат на глава, во џеб и на нозе, благодарение на технологијата „Гугл“ прави експерименти и на автомобили, кои компанијата би ги управувала наместо возачот.
Освен што создаде сопствени телефони, очила и автомобили без возач компанијата сега работи на уште еден иновативен производ, паметни патики кои зборуваат и кои можат да објавуваат статуси на интернетот.
Прототипот на овие патики е претставен на SHSW конференцијата, а од „Вашингтон Пост“ велат дека со нив компанијата сака да прикаже како може да се поврзат технолошките иновации со маркетингот и огласувањето.
Односно како може да се искористат „поврзаните производи“ како патики, очила и другите производи за да се спојат брендовите со корисниците.
Новинарка на ВП ги пробала патиките на „Гугл“, кои ја охрабриле на побрзо трчање. На видео записот објавен на „Јутјуб“ прикажано е дека овие патики преку блутут можат да се поврзат со телефоните и рачунарите.
Една од потенцијалните можности е и што можат да го информираат корисникот колку километри претрчал или доколку се разбуди подоцна патиките би го посоветувале колку можел да претрчи додека спиел.
Што се однесува до вградената технологија патиките на „Гугл“ имаат акцелометар, жироскоп и звучник преку кој комуницираат со корисникот.
Елена Георгиевска