(ВИДЕО) Откриено момчето кое го тешеше навивачот на Франција по поразот во финалето

Од:

Светот остана без текст откако младиот навивач на Португалија му пријде на расплаканиот навивач на Франција за да го утеши поради поразот во финалето на Европското првенство.

Отпосле се дозна дека момчето се вика Матис, а неговите животни ставови кај многумина наидоа на воодушевување .

-Му реков дека неговата екипа одигра добро и дека заслужуваа да го освојат златото, но дека голманот на Португалија беше сјаен и беше добро прочитана тактиката на Дидије Дешан.

Матис, инаку син на Португалец и Французинка, истакна дека “мораме да ги утешиме и оние кои не ги познаваме“.

-Јас поминав одличен на училиште, па затоа мајка ми ме одведе да го гледам финалето во фан зоната во Париз. При крајот на цеременијата на доделување на пехарот, мајка ми рече дека мораме да одиме, бидејќи некои од навивачите имаа премногу испиено алкохол и почнаа да се однесуваат недолично. Додека заминувавме го приметив човекот кој плачеше. Тешко ми е кога ќе видам дека некој плаче поради пораз, па одлучив да му пријдам и да се обидам барем малку да го утешам, кажа Матис за француската телевизија БФМ.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките