ВИДЕО: Опо Н1 смартфон со ротациона камера и позадина чувствителна на допир

Од:

Кинескиот производител Опо го претстави новиот смартфон Н1, со екран од 5,9 инчи, ротациона 13 мегапикселна камера, позадина чувствителна на допир и Андроид оперативен систем.

Камерата на телефонот се ротира за 206 степени и може да стои во која било позиција и да прави фотографии и видозаписи. Камерата е составена од шест леќи и доаѓа со два блица.

Задниот дел на телефонот е осетлив на допир и може да се користи за едноставно движење низ страниците на екранот и други команди без прикривање на екранот.

Опо Н1 има ИПС екран од 5,9 инчи и Фул ХД резолуција, четиријадрен процесор со 1,7 гигахерви, 2 гигабајти работна меморија и 16 и 32 ГБ меморија.

Би можело да ве интересира

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска

Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Сандра Бошковска