Невообичаена глетка е снимена во продавница во Банкок. Огромен гуштер за кој се претпоставува дека е од видот комодо змеј е забележан како се качува на полица во продавницата.
Додека неспретно се качуваше, гуштерот ги туркаше производите од рафтот. Не е познато како рептилот успеал да дојде до проадавницата.
„Само сакаше да земе млеко од соја од горната полица“ се шегуваат дел од корисниците на социјалните мрежи каде што беше објавено видеото од случката.