ВИДЕО: Од аголот на фотографите од Балканот

Од:

Изложбата „SEE New Perspectives: Од аголот на фотографите од Балканот“, која ја претставува работата на новата генерација балкански фотографи, ќе биде отворена во сабота на 17-ти ноември во Белград.

Избрани се петнаесет талентирани фотографи од Југоисточна Европа за да учествуваат на мастер класата за професионални фотографи, организирана од  World Press Photo и Фондацијата Robert Bosch.

Учесниците направиле фото-есеи за актуелните прашања од регионот, со цел да се прикаже реалноста во регионот и да се поттикне набљудувањето на Југоисточна Европа од „нова перспектива“.

Изложбата е претставена во октомври оваа година во Сараево, а по Белград, оваа „патувачка изложба“ оди за Загреб, низ останатите градови во регионот и на крај на завршната изложба во Берлин.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје