ВИДЕО: Обожавателите на Тејлор Свифт ги пееја нејзините песни на млад брачен пар сред Виена

Од:

Невеста и младоженец, прошетаа низ улиците на Виена, а ги следеа илјадници обожаватели на Тејлор Свифт. Сите заедно го пееја нејзиниот голем хит Love Story. Во еден момент сите танцуваа и ја снимаа среќната двојка.

„Ова е најдобрата свадба за 2024 година“, „Преслатко е“, „Ова е совршен начин лошата ситуација да ја претворите во незаборавно сеќавање“, се само дел од коментарите.

Обожавателите на Тејлор Свифт, кои беа тажни поради нејзините откажани концерти во Виена, се собраа и околу стадионот Ернст Хапел во Виена, каде што таа требаше да настапи. Тие напишаа бројни пораки со креда на асфалтот пред стадионот. „Ајде да се бориме заедно“, „Тејлор, врати се“, „Еби ги терористите“, се само дел од пораките.

@mariell.isabell That was one of the most beautiful experiences I've ever had. love always wins! 🤍 #erastourvienna #vienna #taylorswift #swifttok @Taylor Swift @Taylor Nation ♬ Originalton – mariell

Ги окупираа и улиците на Виена каде се дружеа и гласно ги пееја нејзините песни. Тие снимаа и поставуваа видеа на TikTok. „Плачеме во тишина, но пееме гласно“, напиша еден фан. Некои корисници на TikTok ги поддржаа и изразија жалење што не беа со нив во таа толпа луѓе.

Во Виена сакаа да ги утешат сите луѓе кои пристигнаа од разни земји во Европа и светот поради концертите на Тејлор Свифт, кои на крајот не се одржаа. На официјалната веб-страница на градот Виена беше објавено дека сите изложби и модни ревии се бесплатни за посетителите со купени билети за концертот.

Градот обезбеди и бесплатен влез на стадионот Винер Стадионбад за сите што ќе покажат билет за концертот, додека оние кои сакаат да се забавуваат ќе можат бесплатно да влезат во некои клубови со купената карта. Исто така, некои ресторани нудат бесплатна храна и пијалоци со билети за концерт, а една златарница подарува бесплатни ѓердани.

За потсетување, концертите на Тејлор Свифт во Виена беа откажани поради страв од терористички напади. Двајца мажи беа уапсени во врска со планираните напади, а илјадници обожаватели на Тејлор Свифт останаа разочарани од откажувањето на концертите, кои требаше да се одржат на 8, 9 и 10 август. Уапсен е уште еден млад човек (18) кој се сомничи дека учествувал во планирањето на терористичкиот напад.

Би можело да ве интересира

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

Тејлор Свифт е најнаградуваниот уметник во историјата на MTV VMA наградите

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски

Дел од обожаватeлите се бесни после првиот концерт на Тејлор Свифт во Лондон

Горан Наумовски

Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Уапсен тинејџер од Ирак, бил дел од заговорот за напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена

Катерина Ѓуровски