ВИДЕО: Објавена снимката од автономното возило на „Убер“ кое прегази пешак

Од:

Властите објавија снимка од автомобилот со самостојно управување на компанијата „Убер“ кој во понеделникот прегази жена во предградие на Феникс.

Во возилото сепак имало безбедносен оператор, а тоа била 44-годишната Рафаела Васкез. На видеото објавено од страна на полицијата се гледа како Васкез, која седи зад воланот на автономното „волво“, во неколку наврати не обраќа внимание на ситуацијата на патот и го спушта својот поглед.

На видеото исто така може да се види дека во еден момент, додека операторката гледа надолу, од мракот се појавува жена со велосипед, подоцна идентификувана како 49-годишната Илејн Херцберг. Притоа автомобилот воопшто не застанува, што подоцна го потврдила и полициската истрага, односно возилото ја удрило жената со брзина од 65 километри на час. Херцберг по ударот била пренесена во болница, каде што подоцна починала.

„Видеото е вознемирувачко и тажно и нашите мисли се со семејството на жртвата. Нашите автомобили и натаму не возат, а ние им излегуваме во пресрет на локалните, сојузните и државните органи на секој можен начин“, објавија од „Убер“. Пред објавувањето на снимката оттаму потврдија дека Васкез била во автомобилот и дека во моментот на несреќата возилото било во автономен режим на работа.

„Јасно е дека е тешко да се избегне судир во оваа ситуација, без оглед дали автомобилот го управува човек или самостојно се управува. Жртвата на улицата се појави од никаде. Опасно е да се преминува улицата на неосветлен дел, кога во градот постојат јасно обележани пешачки премини“, рече шефот на полицијата на окургот, Силвија Моир.

Интересен куриозитет за американската јавност е тоа што Васкез во 2000 година била осудена на казна затвор во траење од три години и десет месеци поради вооружен грабеж. Нејзинoто досие било регистрирано под машката верзија на нејзиното име – Рафаел Васкез. Портпаролката на „Убер“ рече дека операторите се подложни на проверка на податоците и дека Васкез ги исполнувала сите услови, како и дека „Убер“ обезбедува шанса за секого.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 500 жени тужеле компанија во Америка поради сексуален напад од возачи

ЕК за сега без коментар за лобирањето на бивша ЕУ комесарка во корист на Убер

Во печатот се откриени привилегираните врски меѓу Макрон и Убер, огорченост кај левицата

Убер е во загуба и покрај заживувањето на овој вид превоз

Ана Ололовска

„Убер“ регистрира загуба од 5,8 милијарди долари

А1он

Албанска манекенка и српски возач на „Убер“ во конфликт поради албански песни

Жарко Настоски