Во печатот се откриени привилегираните врски меѓу Макрон и Убер, огорченост кај левицата

Од:

Париски Ле Монд и Радио Франс се интересираа за врските меѓу американското пртетпријати Убер и францускиот претседател и Емануел Макрон кога тој беше министер за економија, кои наводно склучиле непишан договор за олеснување на инсталацијата на Убер во Франција, јави дописникот на МИА.

„Таен“ пакт против „сите наши правила“, „ограбување на земјата“, приоадниците на левицата остро ги осудија врските што ги обединија Емануел Макрон и компанијата Убер, по откритијата во печатот.

Името на Емануел Макрон се најде како дел од „Uber Files“, истрага заснована на илјадници внатрешни документи на Убер испратени од анонимен извор до британскиот дневен весник The Guardian и до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) и 42 медиумски партнери, париски Ле Монд покажа интерес за врските меѓу американското претпријатие и Емануел Макрон кога тој беше министер за економија (2014-2016).

Врз основа на различни сведоштва и документи, вклучително и бројни размени на СМС, Ле Монд заклучува дека постои тајна „зделка“ меѓу Убер и Емануел Макрон во Берси(седиштетот на министерството за економија). Весникот известува за средби во кабинетот на министерот, бројни размени (состаноци, јавувања или СМС) меѓу тимовите на Убер Франс и Емануел Макрон или неговите советници. Се посочуваат одредени практики наменети да му помогнат на Убер да ги консолидира своите позиции во Франција, како на пример сугерирањето на компанијата да презентира амандмани „клуч на рака“ до пратениците.

Запрашана од АФП, компанијата Убер Франс го потврди одржувањето на состаноци со Емануел Макрон: состаноци кои „биле под негова одговорност како министер за економија и дигитален надзор на секторот ВТЦ“. Елисејската палата изјави дека Емануел Макрон, како министер за економија, „природно бил доведен да разговара со многу компании вклучени во длабоката промена во услугите што се случија во текот на споменатите години, што треба да се олесни со разоткривање на одредени административни или регулаторни брави“.

Но, шефицата на пратениците на ЛФИ (Бунтовна Франција), Матилде Пано, на Твитер го осуди „ограбувањето на земјата“, а Емануел Макрон бил и „советник и министер на Франсоа Оланд и лобист за мултинационална американска компанија има за цел трајно да го дерегулира трудовото право“.

Првиот човек на комунистите Фабиен Русел зборува за „тешки откритија за активната улога на Емануел Макрон, тогашниот министер, за олеснување на развојот на Убер во Франција“, „против сите наши правила, сите наши општествени достигнувања и против правата на работниците“.

„Убер заслужува мала истражна комисија“ во парламентот, според пратеникот од редовите на комуистите Пјер Даревил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски

Макрон: Европа треба да се подготви за војна ако сака мир

Макрон ги повика сојузниците да не бидат „кукавици“

Макрон за изјавата за испраќање војници во Украина: Секој мој збор е одмерен, обмислен и избалансиран