Популарниот ровер на НАСА, „Curiosity“ деновиве на Марс се занимава со неговиот најнов пронајдок, камен во форма на мини-пирамида.
Научниците веќе го именуваа каменот „Џејк Матијевиќ“ во чест на врвниот инженер, кој работел на сите вакви мисии на вселенската станица.
Тој починал само неколку дена по слетувањето на „Curiosity“ на Марс.
„Џејк“ е камен со висина од 25 сантиметри, а широк е 40 сантиметри, но не се работи за некаков посебен примерок, според првичните впечатоци, туку според составот е сличен на камењата кои се наоѓаат на Земјата.
Со посебните анализи на овој камен ќе се започне од утре.
Џејк Матијевиќ е еден од врвните инженери во НАСА и до својата смрт работел на сите НАСА – мисии на Марс.
Роден е во Чикаго, а неговиот докторат е од областа на математиката.
Постои и математичка теорема именувана по него.