Новиот кинески „Уан Плас 5Т“ официјално беше претставен во Њујорк. Сепак, овој уред и не е целосно нов, туку претставува надградена верзија на претходниот „Уан Плас 5“.
Тоа сепак не е изненадување, оти во 2016 година, истото го направија модел „Уан Плас 3“, којшто само за неколку месеци беше заменет со „Уан Плас 3Т“.
„Уан Плас 5Т“ има 6,1-инчен екран, скенер за отпечаток од прст, двојна камера што се состои од сензори со електронски стабилизатор на сликата. Предната камера има резолуција од 16 мегапиксели, а задната – од 20.
Смартфонот веќе од 21 ноември ќе биде достапен во Америка, Велика Британија и Европе, а два дена порано ќе се појави во продавницата во Кина, Хонг Конг и Индија.