ВИДЕО: Новата Toyota Corolla Cross- Создадена за новите животни авантури

Од:

Новата Toyota Corolla Cross- Создадена за новите животни авантури.

  • Целосно нова Corolla Cross – SUV верзија од најпродаваното возило на светот
  • Ја комплетира гамата на SUV возила на Toyota, нудејќи им на клиентите најширока SUV палета на европскиот пазар
  • 5-та генерација на самополнечки целосен хибрид со FWD (преден погон) или AWD-i (интелигентен погон на сите тркала)
  • Нов мултимедијален инфозабавен систем со широк опсег на функции за поврзување и 12,3 дигитален информациски дисплеј за возачот
  • Високо ниво на безбедност со T-Mateбезбедосни системи: комбинација од најновата генерација на Toyota Safety Sense, вклучувајќи нов систем за итно запирање на возењето, како и дополнителни напредни системи за активно возење и помош при паркирање

Целосно новата Toyota Corolla Cross е SUV изведба на најпродаваниот автомобил во светот- Toyota Corolla. Новата Corolla Cross е специјално дизајнирана да овозможи беспрекорна практичност и уживање за целото семејство.

Не само што новиот SUV го комплетира семејството на Corolla – покрај хечбек, караван и седан, туку ја комплетира и линијата SUV на Toyota, која сега им нуди на клиентите најширока палета на европскиот пазар.

Врз основа на TNGA филозофијата на Toyota, Corolla Cross ги користи најновите достигнувања на платформата GA-C, коишто носат придобивки во стилот, ергономијата, технологијата и динамиката на возењето на возилото.

ДИЗАЈН И ПАКУВАЊЕ

Моќниот, робустен стил на новиот SUV на Toyota е специјално прилагоден на европскиот пазар.

Corolla Cross е долга 4460 mm, широка 1825 mm, висока 1620 mm и има меѓуоскино растојание од 2640 mm. Се наоѓа помеѓу Toyota C-HR и RAV4 во срцето на висококонкурентниот европски сегмент C-SUV, нудејќи удобност, практичност и разновидност неопходни за активните семејства.

Внатрешноста нуди одлична видливост за сите патници, доволно простор за главата и нозете на предните и задните седишта, задни врати со големи отвори, како и зголемена светлина во возилото и чувство на просторност обезбедено од панорамскиот покрив. Багажниот простор е со лесен пристап и широк отвор на вратата што го прави погоден за товарење големи предмети како колички или велосипеди.

НОВ ХИБРИДЕН СИСТЕМ од 5 -та ГЕНЕРАЦИЈА

Corolla Cross е првиот модел на Toyota на глобално ниво што ја користи новата петта генерација на хибриден систем.

Петтата генерација на Toyota со самополнечки целосен хибриден систем е достапна во FWD- преден погон или AWD-i- интелигентен погон на сите тркала. За разлика од својот претходник оваа генерација сега се одликува со поголем вртежен момент, поголема моќност, поголема ефикасност, како и зголемено чувство на задоволство при возењето.

Со најновите достигнувања во Lithium-ion батериите, новиот систем е помоќен и за 40% полесен од претходно.

Моќноста на електро-моторот и моторот на внатрешно согорување се подобрени, што резултира со зголемување на вкупната моќност на системот за повеќе од 8%.

На располагање е 2.0 литарски хибриден погон кој генерира 145 kW/197 КС, со потрошувачка на гориво од 5l/100 km, како и забрзување од 0-100 km/h за 7.5 секунди.

Варијантата AWD-i располага со дополнителен, моќен електро мотор на задната оска со импресивни 30 kW.

Задниот  електро мотор се вклучува автоматски за да даде поголема влечна сила, самодоверба во возењето, како и спокој во неповолни услови.

Возењето на хибридниот мотор од 5-та генерација е исто така дополнително подобрено. Системот сега е уште полинеарен, попредвидлив и поконтролиран при забрзување, со брзината на возилото што поблиску одговара на вртежите на моторот за да обезбеди поинтуитивно и природно искуство во возењето.

НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ

Бројни напредни технологии се дел од опремата на новата Corolla Cross. Добивката е најнова мултимедијална технологија, со контролна табла специфично дизајнирана за Европа која се одликува со целосно нова, мулти-конфигурациска, дигитална инструмент табла за возачот од 12,3” и централен мултимедијален дисплеј од 10,5”.

Дигиталната инструментална табла има целосно нов хардвер и софтвер. Како најголема во сегментот, нуди максимален простор за содржина, широка флексибилност и опции за приспособување и персонализација како што се потрошувачката на гориво, работењето на хибридниот систем и навигацијата.

Со нов побрз процесор, најновиот Мултимедијален инфозабавен систем со висока резолуција и екран на допир од 10,5” добива безжична Apple CarPlay конекција и Android Auto конекција преку кабел, како и цел пакет на Toyota Smart Connect услуги.

Купувачите сега можат да ја искусат удобноста на “Cloud” навигацијатa, најновите настани на патиштата, гласовниот агент и “over the air” ажурирањата. 

БЕЗБЕДНОСТ

Целосно новата Corolla Cross е опремена со “T-Mate” безбедносен систем, кој ја комбинира најновата генерација на безбедносниот пакет Toyota Safety Sense со дополнителни активни системи за помош при возење и паркирање, не само за да го направи возењето полесно и побезбедно, туку и да ги заштити сите патници во возилото, како и другите учесници во сообраќајот во различни сценарија.

Системот за помош при избегнување судир (Pre-Collision System) нуди автоматско безбедносно сопирање кога возилото ќе детектира опасност од судир како и поддршка за избегнување на судир на раскрсница.

Другите нови функции на Toyota Safety Sense вклучуваат систем за итно запирање на возењето (EDSS) со “over the air” ажурирања. Дополнително, направени се подобрувања на адаптивниот темпомат (ACC), како и на системот за предупредување при напуштање на лентата и помош за задржување на лентата  (LTA) и помош за детектирање на патни знаци (RSA).

T-Mate нуди помош при возењето преку мониторот за мртов агол (BSM) и системот за безбедно излегување од возилото (SEA), автоматска помош  за  префрлање  на долго и кратко светло (AHB), помош при паркирање со Toyota Teammate Advanced Park, како и камера со 360⁰ панорамски преглед на опкружувањето (PVM).

Додавајќи уште повисоки нивоа на пасивна безбедност новото предно централно воздушно перниче со кое е опремена новата Corolla Cross има улога да ги заштити возачот и совозачот во случај на страничен судир.

Од претставувањето на моделот во 1966 година, ширум светот се продадени повеќе од 50 милиони Corolla автомобили. Новата Corolla Cross дополнително ќе го зајакне присуството на Toyota во C SUV -сегментот и ќе ја поддржи амбицијата на компанијата од 400.000 продажби – што е еднакво на пазарен удел од 9% во најконкурентната автомобилска категорија во Европа – до 2025 година.

Со практичност на простран SUV, динамика на најнапредната хибридна технологија,како и безбедносните системи, целосно новата Corolla Cross му помага на модерното семејство да ужива во секојдневните предизвици.

Corolla Cross поседува фабричка гаранција од 10 години и на нашиот пазар ќе стартува со цена од 38.490 Евра (2.386.380,00 ден).

За повеќе информации во врска со моделот посетете ја www.toyota.com.mk

ПР Текст

 

 

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска