ВИДЕО: Новата Нокиа ќе чини 112 долари

Од:

ХМД Глобал ја лансираше новата „Нокиа 2.2“ со 5,7-инчен екран, „Хелио А22“ процесор и со Андроид уан оперативен систем, Новиот паметен телефон ќе чини 99 долари во Индија, каде што всушност ќе отпочне продажбата, а во остатокот од светот цената ќе изнесува 112 долари.

Уредот ќе има два или три гигабајти РАМ, 16 или 32 гигабајти надворешна меморија, и батерија од 3000 мегаампер-часови.

Додатоците вклучуваат и копче за брзо активирање на „Гугл асистентот“, како и отклучување преку препознавање лице.

Што се однесува на камерите, на предната страна се наоѓа камера од 5 мегапиксели, а пак, задната е од 13 мегапиксели и со ЛЕД блиц.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска