Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Марти се шетаа низ Барселона држејќи се за рака, а неговата нова партнерка имаше мала несреќа додека го следеа новинарите.
Пике и Клара забрзано чекореа за што поскоро да стигнат до зградата и да се сокријат од новинарите, а во еден момент Клара по патот ја удри главата во билборд, што гласно се слуша на видеото.
🚨Clara Chía se estrella fuertemente contra una valla y Piqué se le burla
– Gerard Piqué y Clara Chía fueron captados cuando se dirigían caminando a un edificio en Barcelona tomados de la mano.pic.twitter.com/vx7GonrJbA
— ITR Oficial (@ITROriginal) February 7, 2023
Кога Пике го виде тоа, почна неконтролирано да се смее и продолжи да ја влече за рака.
Снимката за брзо време почна да се шири на социјалните мрежи, а дел од луѓето го критикуваа.
Во моментот кога Клара Чиа влета во рекламното пано, а Пике наместо да го направи она што секој маж би го направил..тој се смее, е еден од коментарите за неговото однесување.