(ВИДЕО) Нова серија на Дискавери: „Ед Стафорд: Препуштен на смртта“

Од:

Телевиизјата Дискавери сними на нова авантуристичка серија, која го следи Ед Стафорд во обидот до побегне од некои од најсуровите места на планетата за помалку од 10 дена.

Во серијата насловена „Ед Стафорд: Препуштен на смртта“, главниот протагонист го очекуваат суптропски шуми, пустини и планини. Оставен во дивина без опрема за преживување, Ед има само 10 дена да стигне до цивилизација – поместувајќи ги човечките граници на издржливост.

Секоја епизода е снимана во различна земја, а Ед останува „препуштен на смртта“ на Мадагаскар, во Бугарија, Монголија, Лаос, Боливија и Панама.

Ед со себе носи камера за да се снима себе се. Тој е без мапа, компас или алат, мора да се потпре на своите инстинкти и волјата да преживее во борбата против гладта, жедта, уморот и препреките кои го загрозуваат неговиот живот.

Некои од предизвиците со кои се соочува се толку опасни што има потреба од сигурносен тим да го следи од далечина и да го спасат во случај нешто да тргне на лошо.

Оваа серија докажува дека преживувањето не е само тест на физичката сила, туку и на менталната агилност и непропустливата одлучност кои се клучни за преживување.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Земјата денес е најблиску до Сонцето

А1он

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис