Минатата недела стигна првата порачка за новиот уникатен производ на Илон Маск – соларен покрив, што всушност претставува имитација на керамички покрив.
Точната цена на покривите не е соопштена. Кога ќе стигнат првите депозити за покривите, ќе биде објавена и крајната цена. Маск сепак напомена дека новите покриви ќе чинат многу помалку од сегашните сончеви панели.
Сончевите покриви се составени од плочки (ќерамиди) од стакло со фина текстура. Светлосните зраци преку стаклените панели достигаат до соларните плочки под нив.
Идејата за овие покриви беше на компанијата Солар-Сити, која сега е во сопственост на Илон Маск и неговата компанија Тесла Моторс.