Научниците во Бристол направиле робот кој се движи на необичен погон – човечки измет, пренесе ББС.
Роботот Екобот III ја претвора енергијата од отпадот во струја. Научниците се надеваат дека еколошкиот робот ќе ја подобри преработката на отпад во канализацијата и ќе ќе ги намали трошоците за енергија.
Екобот III е направен од батерии кои произведуваат електрична енергија, сад кој го држи отпадот и има дури и стапица за муви, наведе ББС.
Научниците од лабораторијата за роботика во Бристол тврдат дека ова е прв ваков робот на светот.
Д-р Џулијан Денис, која дошла до идејата за еколошки робот, вели дека преработката на отпад троши многу енергија, што исто така е скапо.
Екобот III би можел, во таа смисла, да придонесе за значителни енергетски заштеди, бидејќи може да се движи на струја што канализацијата ја прави од отпадот кој се преработува.