Куќата Билтмор, која е приватна сопственост на американското семејство Вандербилт, е шарена и живописна во секој период од годината, па така ќе биде и претстојната есен.
Имено, на 7 октомври таму се отворени „Ноќите на Чихули“, уметничка егзибиција на светски познатиот уметник Дејл Чихули, кој за таа пригода ќе ја искористи градината околу објектот.
Куќата е изградена од бизнисменот Џорџ Билтмор во 19. век, и со својата површина од над 12.500 метри квадратни важи за едно од најголемите приватни живеалишта во САД.