На дното на Атлантскиот океанот во регионот “Бермудски триаголник” тим на канадски научници, предводени од Пол Веинзиг и Паулин Залитски, открија напуштен град.
Како што пренесува “Фонтанка.ру”, деновиве подводен робот успеал да сними урнатини на бројни згради, ритуални храмови, како и остатоците на четири гигантски пирамиди.
Според податоците на подводните археолози, роботот снимил на фотолента и интересен монумент, чија форма е слична на статуата на Сфингата, прецизира сајтот “riseearth.com”.
Според прелиминарните анализи станува збор за населба, која според научниците датира најмалку од пред 1500 до 2000 години. Тие претпоставуваат дека западнале во досега непозна индијанска култура. Сеуште нема објаснување зошто овие остатоци се наоѓаат на дното на океанот.