ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Од:

Полицијата пронајде тело без глава и раце на плажата Бризи Поинт во Њујорк.

Дејли мејл сугерира дека телото било откриено две недели откако познатиот ирски режисер Рос Мекдонел (44) исчезнал од неговиот дом во Њујорк, а неговиот велосипед подоцна бил пронајден на само пет километри од плажата Бризи Поинт.

Нема детали дали осакатеното тело било исфрлено на брегот од водата или оставено на плажата. Главниот градски истражител сега се обидува да ја утврди точната причина за смртта.

Идентитетот на жртвата нема да биде соопштен додека семејството не биде известено.

Мекдонел последен пат бил виден во сабота, 4 ноември околу 20:30 часот. Добитникот на Еми потоа беше виден на плажата Форт Тилден во близина на Роксбери, каде што неговиот велосипед беше пронајден заклучен три дена подоцна.

На почетокот на овој месец, пријател на исчезнатиот режисер, Џин Галерано, изјави за ирските медиуми дека Мекдонел бил на плажата, но „влегол во океанот“ пред да се изгуби.

Мекдонел, кој по потекло е од Даблин, ја доби наградата Еми за 2021 година за неговата работа на серијата „Трговија“. Работел ширум светот, вклучително и Авганистан, Украина и Мексико, а беше номиниран за уште една награда Еми во 2018 година како режисер на документарниот филм за Си-Ен-Ен Филмс, Елиан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“