ВИДЕО: Монтажна куќа што би издржала ураган и земјотрес

Од:

Иднината на домувањето во голем дел се состои во монтажни куќи. Тие се сѐ попопуларни оти пред сѐ се релативно поевтини во однос на стандардните бетонски зданија.

Со забрзаниот развој на градежната технологија, сега може и со 3Д печатење да се изгради цела една куќа за релативно кусо време.

Таков е новиот проект на Хаус.ме – потполно самоодржлива монтажна куќа којашто може да се смести каде било. Користи многу малку електрична енергија, а повеќе онаа добиена од покривни сончеви панели. Има и вградена батерија која може да обезбеди дополнително напојување од една недела, во случај на прекин на дотокот на струја.

Куќата содржи и систем за контрола на квалитетот на водата, паметен систем за прочистување на воздух, како и интегриран биоактивен систем за прочистување отпадни води.

Куќа е 3Д-печатена во композитен полимерна рамка за којшто компанијата уверува дека може да издржи и ураган и земјотрес. Прозорите се направени од шест слоеви калено стакло.

Куќата може да се проектира за две, три, четири лица, а разликата е во површината и во 3Д печатените блокови.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се спасија девојчиња заробени под рушевините во Мјанмар

А1он

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.056, а повредени се над 3.900 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

Уште еден силен земјотрес, бројот на загинати надмина илјада

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар