Научниците од МИТ откриле дека постои невидливо поле кое што ја штити планетата Земја. Мистериозното невидливо поле звучи како излезено од филм за научна фантастика.
Тоа ги спречува штетните космички зрачења кои влегуваат во нашата атмосфера, а прв пат е забележано од страна на две летала на НАСА кои орбитираат околу Земјата.
Ова поле на невидлива енергија ги блокира високо радиоактивните електрони од највисокиот слој на Земјината атмосфера. Според информациите на НАСА, овие високо енергетски електрони се агресивни и се движат низ вселената со брзина блиска до брзината на светлината. Тие се опасни бидејќи може да „спржат“ се што ќе допрат, од сателит до вселенско летало.
НАСА лансирала две сонди за да открие повеќе за ова поле, со желба да ги истражи електроните и да ја зголеми безбедноста на астронаутите и опремата која се испраќа во вселената.
НАСА наведува дека Земјиното магнетно поле ги привлекува овие честички кон нашата планета. Сепак, тие не може да се приближат на поблиску од 10 илјади километри, благодарение на ова невидливо заштитно поле, кое никогаш претходно не било детектирано.
Ова заштитно поле делува како бариера која што ја штити Земјата од штетни космички зрачења и од соларни бранови кои доаѓаат директно кон Земјата.
Научниците веруваат дека ова поле работи на принципот на ниско-фреквентни магнетни полиња, а изворот на неговата енергија останува мистерија.
Истражувачите од МИТ имаат неколку теории за потеклото на оваа мистериозна кутија. Првата е дека има врска со магнетното поле на Земјата, но подоцна било утврдено дека бариерата е присутна дури и кога Земјиното магнетно поле се намалува. На пример, Земјиното магнетно поле над Јужна Америка, иако е значително пониско, сепак еднакво ја заштитува Земјата од штетните космички зрачења.
Научниците продолжиле да истражуваат и откриле дека најверојатен извор на бариерата е постоењето на радио бранови од долг дострел на планетата. Меѓутоа, тие сепак згрешиле откако сфатиле дека брановите имаат тенденција да реагираат со неутрални електрони и не се од помош против ултра релативни честички. Во продолжение од истражувањето е откриено дека бариерата најверојатно е создадена поради феноменот познат како „плазмасферично шиштење“, кое се јавува во горниот дел од атмосферата.
Овој феномен помага на орбитата во сузбивање на опасни брзи честички, насочувајќи ги на паралелен пат на магнетното поле на нашата планета, поради што паѓаат во атмосферата и се удираат во неутрално наелектризирани честички, кои потоа исчезнуваат.