Изгледа дека обожавателите на Мистер Бин ќе мора да се простат од нивниот омилен лик поради тоа што Ровен Аткинсон најави дека дошло вистинското време за одење во пензија.
Иронично е тоа што играњето на улогата која носеше смеење за толку голем број луѓе ширум светот, за Аткинсон во реалноста станала малку тажна. „
Работите кои за мене донесоа најголем комерцијален успех, оние физичките и детинести, најмалку ќе ми недостасуваат. Освен фактот дека секој ден сте се помалку физички подготвени за некои работи, фактот дека некој во 50-те години се однесува како дете, станува помалку тажно. Морате да бидете внимателни“, рече Аткинсон.
Господин Бин, лик кој Аткинсон го созадде додека работеше на својата магистарска диплома на Универзитетот во Охфорд, дебитираше во 1990 година.
Снимени се вкупно 14 епизоди, два играни филма, а во 2002 година направена и анимирана серија.
Аткинсон призна дека играњето на улогата на Господин Бин му попречила во добивањето сериозни улоги.