Мис Нигерија, Њекачи Даглас постави нов стандард кога станува збор тоа како треба да се реагира на успехот на пријателите.
Нигериската убавица не се повлече кога слушна дека победник на „Мис на светот 2019“ е нејзината колешка Тони-Ен Синг која ја претставуваше Јамајка. Даглас започна да вреска од среќа и да скока, покажувајќи вистинска радост за успехот на нејзината пријателка.
„Кога вашата пријателка започнува нова работа, терапија, нешто што ќе и го подобри животот, бидете нејзината Мис Нигерија“, напиша еден корисник на „Твитер“ кој беше воодушевен од нејзината реакција.
LISTEN!!!! MISS NIGERIA’s reaction to Miss Jaimaca winning #MissWorld2019 pic.twitter.com/AgtImvsuLF
— Adeola Ariyo (@AdeolaAriyo) December 14, 2019
Откако ја презеде круната на 69-от избор на мис на светот, Синг рече дека е почестена и благодарна за можноста што ја добила.
Синг дипломирала на Универзитетот во Флорида, а според веб-страницата на Мис на светот, таа планира наскоро да се запише на медицински факултет.